За местење натпревари, фудбалски клуб ќе добие 10 годишна суспензија од УЕФА


На албанскиот прволигаш Скендербег му се заканува десетгодишна суспензија од сите натпреварувања на УЕФА, а воедно ќе треба плати еден милион евра парична казна.

Повеќекратниот албански шампион од градот Корча може да ја добие оваа драконска казна поради местење резултати.

Дел од албанските медиуми, кои го пренесоа документот од дисциплинската комисија на УЕФА, ги открија клубовите против кои Скендербег ги местел резултатите – Спортинг, Локомотив Москва и Динамо Загреб.

И претходно оваа екипа беше под истрага за местење на натпревари, а во сезоната 2016/2017 беше исфрлен од еврокуповите поради наместени натпревари во домашното првенство.

Одлуката на УЕФА се уште не е конечна, а фудбалскиот клуб Скендербег има право на жалба.