(ВИДЕО) Преживеа цунами во Јапонија, боледува од астма, но сепак освои злато во Пјонгџанг


Јапонецот Јузуру Ханју (23) го освои златниот медал во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг.

Тој до златото дојде со вкупно освоени 317,85 бодови. Втор беше неговиот сонародник Уно Шома со 306,90 бодови, а третото место го освои Шпанецот Хавиер Фернандез со 305,24 бодови.

Ханју е првиот лизгач, кој по 66 години успеа да го одбрани златото на ЗОИ во оваа дисциплина, по Дик Батон во далечната 1952 година.

Ханју има потресна животна приказна зад себе. Тој е роден во Сендаи, Јапонија, семејството од каде што потекнува се карактеризира како мирни, чесни луѓе кои сакале мирен живот. Ханју има здравствен проблем уште од малечок бидејќи има астма и натпреварувањата секогаш му се потешкотија, но никогаш не се откажува. Своето средшно училиште го завршил во „Тохоку“ училиштетот каде што учеле и познатите Такеши Хонда и Сизука Аракава.

Неговата семејна куќа беше целосно уништена во земјотресот и цунамито што ја зафати Јапонија во 2011 година, а тој буквално едвај преживеал. Во моментов сутдира човечки и когнитивни науки на универзитетот „Васеда“.

Тој е голем љубител на цртаниот филм за Вини Пу, па затоа обожавателите на неговите настапи најчесто по перформансот му фрлаат токму такви мечиња. Таков беше и вчерашниот случај во Пјонгчанг, откако го одбрани златото.