(ВИДЕО) Најлудиот супервелеслалом на Олимписките игри


Чешката сноубордерка Естер Ледецка, која освојуваќи го златото во супервелеслалом, направи најголемото изненадување во алпско скијање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, по трката изјави дека е изненадена и не верувала дека ова може да се случи.

– Навистина не знаев што се случува. Мислев дека е грешка и дека ќе го сменат резултатот. Гледав во мајка ми и ништо не можев да разберам. Бев веројатно единствената сноубордерка на патеката. Останатите девојки не беа подготвени да ризикуваат толку, мора да биле под притисок. Јас само се обидував да бидам колку е можно подобра, наведе 22-годишната Чехиња.

Ледецка најдобрите резултати ги има остварено во сноуборд, а во моментов е 43-та во Светскиот куп во супервелеслалом и никогаш не била пласирана подобро од 19. место на трките во оваа дисциплина.