Бундеслигата објави рекордни приходи, поминат лимит од 4 милијарди евра


Клубовите од Бундеслигата ги зголемија приходите 13-та година по ред, овој пат на 3,375 милијарди евра во сезоната 2016-2017, соопшти Фудбалската лига во Германија.
Во претходната сезона прометот на тимовите од првата дивизија изнесуваше 3,24 милијарди евра, при што порастот во последниот период изнесува 4,2 отсто.
Приходите на првата и втората лига на Германија изнесуваат вкупно 4,01 милијарди евра за последната кампања.
За првпат во историјата е поминат лимитот од четири милијарди евра.