Цаца-Николовска и Сефер Тахири меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“

Познати се годинешните добитници на традиционалната награда „13 Ноември“ на градот Скопје. Одборот за доделување на наградата ги избра добитниците од листата на кандидати на која имало 15 физички и правни лица. Одборот избра 12 добитници на наградата за 2018. година.
Од областа на науката, наградата ја доби Маргарита Цаца-Николовска, а од областа на образованието и воспитанието професорот д-р Аџи Фида.
Во делот на спортот, наградата му се доделува на пливачот Андреј Стојановски, а од областа на културата се доделени две награди – на Марко Коловски и Ресул Шабани, додека на Шукри Рамадан му се доделува награда за долгогодишна уметничка работа. Награда за публицистика доби Сефер Тахири, а за архитектура Даница Павловска-Циги.
Наградатите кои се однесуваат на ученици и студенти оваа година им се доделуваат на младиот музичар Арда Мустафаоглу и на Мила Коцевска, Софија Стојменова, Нена Гиевска, Марија Гавриловиќ, Петар Тодоровски и Ведран Лауренчиќ. Овие ученици, од Основното училиште „Кочо Рацин“, во Скопје, во автобус на градски превоз со укажување на медициска помош спасија човечки живот.
Награда за долгодишна успешна работа му се доделува на „Геронтолошкиот завод 13 Ноември“, а за успешна работа и голем придонес во заштитата и спасувањето на граѓаните од пожари, природни непогоди и други несреќи награда доби Противпожарната бригада на град Скопје.