Рита Ора ќе настапи во Приштина за 10 годишнината од независноста на Косово
Пејачката со потекпо од Косово Рита Ора, ќе учествува на централната манифестација што ќе се одржи во Приштина за десетгодишнината од независноста на земјата.
Нејзиното учество го потврди за Радио Слободна Европа Адил Бехрамај од Организацискиот совет за одбележување на независноста на Косово.
“Можам да потврдам дека на 17 февруари 2018 година, во 22 часот пред гледачите и граѓаните на Косово, ќе настапи Рита Ора”, изјави Бехрамај.