Донесени одлуки за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници

Владата на Република Македонија на денешната 39-тата седница ја разгледа и ја усвои предлог–одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Прераспределбата на средства, како што соопшти владината прес-служба, се врши за да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проектите кај кои е забележано позабавено темпо на реализација.