Шкендија во второто коло против молдавски Шериф Тираспол


Македонскиот шампион Шкендија во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите ќе се соочи со молдавскиот клуб Шериф Тираспол.

Молдавскиот првак во првото коло го елиминираше Торпедо Кутаиши од Грузија.

Првиот натпревар се игра во Скопје на 24 или на 25 јули, додека реваншот е седум дена подоцна во Молдавија.

Шкендија во првото коло го елиминираше велшки ТНС.