Тренерот на Влазнија избоден со нож во Скадар


– Тренерот на фудбалскиот клуб Влазнија, Ернест Џока, е избоден со нож во Скадар.

Како што јавија албанските медиуми, нападот го извршило засега неидентификувано лице.

Џока веднаш е пренесен во болница, а полицијата отвори истрага за случајот.

Мотивот за нападот засега е непознат.