Струјата ќе поевтини
Цената на струјата минимално ќе се намали. Колкаво ќе биде поевтинувањето ќе се знае утре, до кога Регулаторната комисија за енергетика ќе ги направи конечните пресметки.
Новиот претседател на регулаторното тело Марко Бислимоски вели дека Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) од Регулаторната комисија за енергетика побарале намалување за 1,5 отсто, ЕВН Македонија побарала зголемување на крајната цена од 9 отсто додека за МЕПСО, поради промена на методологијата, нема податок.
Регулаторот најави и намалување на цената за приклучок на објектите на мрежата на електрична енергија.