Севиља објави два трансфера
Севиља привлече двајца дефанзивци – Серхи Гомез од Селта и Жорис Гнанон од Рен. Двајцата играчи се пријавени во УЕФА за првиот натпревар од второто квалификациско коло на Лигата на Европа против унгарски Ујпеш.
Севиља плати 5 милиони евра на Селта за Гомез. Договорот на 26-годишниот фудбалер е до летото 2022 година.
Тимот плати 15 милиони евра за Рен за Гнанон, кој потпиша договор со шпанскиот клуб до летото 2023 година.