Македонија ќе биде домаќин на квалификациска група за женското сениорско СП 2019


Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги доби правата да организира турнир за една од групите во квалификациите за Светското првенство во женска сениорска конкуренција што ќе се одржи во Јапонија во 2019 година.

Во Македонија ќе се игра турнирот во квалификациската група 4, каде покрај нашата репрезентација ќе настапат и селекциите на Турција, Исланд и Азербејџан. Според календарот, турнирот ќе се одржи во периодот од 30 ноември до втори декември 2018 година.

Победникот во квалификациската група ќе обезбеди учество во бараж натпреварите, што ќе се играат во јуни 2019 година. Во баражот ќе се пласира и најдобрата второпласирана селекција од сите четири групи.

Светското првенство ќе се игра во Јапонија на крајот на ноември и почетокот на декември 2019 година.