Колинда со најголем рејтинг во Хрватска
Анкетата на агенцијата Промоцијаплус, изработена за РТЛ, од која треба да се добие слика за силите на потенцијалните претседателски кандидати, покажува дека на второ место е Зоран Милановиќ. За него, како за независен кандидат би гласале 18 проценти од анкетираните. За претседателката на Комисијата за одлучување за судир на интереси Далија Орешковиќ би гласале 11 отсто, а за лидерот на „Жив ѕид“ Вилибор Синчиќ – девет отсто од испитаниците.
Анкетата е спроведена од 3 до 6 декември на статистички примерок од 1.300 испитаници од цела Хрватска.