Канадската двојка во уметничко лизгање го урна светскиот рекорд


Канаѓаните Теса Вирту и Скот Моир го урнаа светскиот рекорд во освоени поени во уметничко лизгање со динамичен и слободен танц освоија 206,07 поени. Така дојдоа и до своето второ злато на Олимписките игри во Пјонгчанг.

Парот, кој освои злато во Ванкувер, а сребро во Сочи, утринава беше подобар од француската двојка Габриела Пападакис и Гилом Сизерон, додека американските брат и сестра Маја и Алекс Шибутани ја освоија бронзата.