ИДСЦС за Планот 3-6-9: Целта за ЕУ постигната, Владата е помалку транспарентна


Планот 3-6-9 ја оствари една од своите клучни цели, повеќе од сигурно е дека Европската комисија ќе препорача почеток на преговорите, забележан е напредок во делот на исполнување на активностите, подобрена е мерливоста и предвидливоста, но забележана е помала транспаретност на Владата, се дел од заклучоците во вториот извештај на Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје (ИДСЦС) за делот шест од Планот 3-6-9.

Вториот дел од извештајот на Институтит за демократија, насловен „Трка на 3, 6 и 9 со пречки. Кон чиста препорака?“ е изработен во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“.

– Амбициозната цел на Владата е исполнета, односно во пререст на објавувањето на кредибилната европска перспектива за проширување со земјите од Западен Балкан, во неколку наврати високи челници на ЕУ истакнаа дека Македонија ќе добие чиста препорака за почеток на пристапните преговори. Ефектуирањето на самата препорака од ЕК од страна на Советот на ЕУ, сепак, ќе зависи од однесувањето на Македонија во претстојнот период, како на домашен план во однос на исполнување на реформите, така и на меѓународен план, бидејќи се уште има мноштво сектптични земји, Холандија, Германија и Франција, изјави Зоран Нечев, раководител на проектот.

Во делот на следењето се бележи напредок во однос на исполнување на активностите, односно од 41 отсто за делот 3, во делот 6 има 52 отсто исполнетост на активностите, 16 отсто се делумно исполнети, 19 отсто се исполнети и 13 отсто се немерливи. Временската рамка за делот шест е заклучно 31 декември 2017 година.

Подобрување е забележано и во однос на мерливоста и предвидливоста на самите активности и приоритетни области, а акцетот е ставен на трите клучни столба, реформи во правосудството, безбедносните и разузнавачките служби и јавната администрација.

Во делот шест има намалување на транспарентноста на Владата.

– За делот три Владата објави фактографски извештај и го постави на својата веб страница. Јавноста и граѓанските организации можеа да го видат и да утврдат што е исполнето, а што не е. Ваков фактографски извештај за делот шест до денеска Владата нема објавено, иако од наши информации знаеме дека таков извештај постои, рече Начев.

Истакна дека е важно да се напомене и политичкиот контекст во кој се спроведува делот шест. Тука се два важни моменти делегацијата на ЕУ сподели со Владата одредени приоритетни активности, кои на ЕК би и помогнало во давање позитивна препорака, тоа се трите столба, а вториот е напуштањето на Собранието од најголемата опозициска партија на 12 декември и без нејзино присуство беа донесени приоритетни законски решенија.

Забележано е дека приориетната област за Охридскиот рамковен договор не предвидува никаква активност. Станува збор за одредена декларативна заложба за натамошно успешно имплементирање на донесените законски решенија, а во делот три имаше стриктно усвојување на законите.

– Законот за јазици не е доставен до Венецијанската комисија и наместо до неа пратен е во Собранието и на него е ставено европско знаме, додаде тоу.

Како недостиг е посочено и непостоење системско вклучување на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки.