ЗОИ 2018: Македонскиот скијач Ристевски не успеа да ја заврши трката во слалом
Македонскиот скијач Антонио Ристевски не успеа да финишира ниту во својот втор настап на олимпијадата, откако излета од патеката и повторно не успеја да ја заврши трката, овој пат во слалом.
Претходно Ристевски не ја заврши трката во велеслалом.
Од вкупно 106 натпреварувачи, кои ја стартуваа трката, дури 54 не успеаа да ја завршат трката. Условите на патеката беа тешки поради замрзнатата патека на одредени делови и поради ладното време со што стазата си го наплати данокот со половина нестигнати скијачи на целта.
Со денешниот настап на Ристовски заврши учеството на македонските спортисти на Олимписките игри во Пјонгчанг.
Потсетуваме, првото место му припадна на Андре Мирер од Шведска со време од 1:38.99 минути