Женско е првото бебе во Скопје


Првото бебе родено во 2018 година во Скопје е женско, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Бебето е родено една минута по полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје.

Станува збор за второ дете на Борјана Радевска од Скопје. Бебето е тешко  три килограми и  70 грама  и долго 49 сантиметри.