Голема промена во ждрепката за Лигата на шампионите и тоа од четвртфиналето!
Голема промена во ждрепката за финишот од Лигата на шампионите! И тоа настапува веќе од петок, кога во Нион ќе се извлекуваат двојките од четвртфиналето. Со одлука на УЕФА, првпат сезонава, нема да бидат одредени само двојките од четвртфиналето, туку веднаш ќе се знае и „костурот“ за полуфиналето, односно финалето!
Просто кажано, кога во петок ќе бидат извлечени двојките од четвртфиналето, веднаш ќе се знае кој со кого би можел да игра во следната фаза, бидејќи нема да има повеќе ждрепки.
Други рестрикции нема да има – нема повластени, нема носители, а нема ни пречки да се соочат клубови од иста земја.
Меѓу осумте најдобри тимови на Европа се пласираа: Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Барселона, Јувентус, Ајакс и Порто.
Оваа пролет ќе добиеме нов континентален првак, откако актуелниот, Реал Мадрид, беше елиминиран во осминафиналето од Ајакс.