(ВИДЕО) ЗОИ 2018: Петнаесетгодишната Алина Загитова е кралица на мразот


Младата руска лизгачка Алина Загитова постави нов сведски рекорд во уметничко лизгање во рамки на кратката програма на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Таа ја воодушеви публиката и жирито кое и даде оцена од 82,92 бодови со што го собори светскиот рекорд кој десет минути пред настапот на Загитова го постави нејзината сонародничка Јевгенија Медведева (81,61).

– Задоволна сум што сите елементи ги изведов како што треба, но ова не е моето најдобро издание, мислам дека можам подобро, нагласи 15-годишната олимпијка.

Таа во Пјонгчанг го освои тимското сребро, но сега има можност да дојде до златниот медал.