(ВИДЕО) Горан Пандев со гол и асистенција го реши Јувентус
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, денеска одигра спектакуларен меч за својата Џенова во мечот со Јувентус и го предводеше својот тим до голема победа над актуелниот шампион на Италија.
Јувентус до овој натпревар беше непоразен во италијанското првенство, но Џенова на крилата на Пандев успеа да дојде до голем триумф.
Македонскиот интернационалец влезе во игра во 60 минута од мечот и беше клучен играч во победата од 2:0, откако најпрво му асистираше на Стураро во 72 минута од мечот, а потоа и самиот ја затресе мрежата на гостите за потврда на триумфот од 2:0 над италијанскиот шампион.
الدوري الإيطالي : جنوى 1 × 0 يوفنتوس .. الهدف الأول لجنوى .. pic.twitter.com/jRINg1TOsk
— ElcalcioTV الحساب الإحتياطي (@RecordingVideo1) March 17, 2019
الدوري الإيطالي : جنوى 2 × 0 يوفنتوس .. الهدف الثاني لجنوى .. pic.twitter.com/QrDBKKOfP3
— ElcalcioTV الحساب الإحتياطي (@RecordingVideo1) March 17, 2019