Жена која го преживеа холокаустот умре криејќи се во подрумите во Мариупол
Преживеанa од hолокаустот загина додека се криелa од руските сили во опколениот град Мариупол, пишува еврејската веб-страница Chabad.org.
Ванда Семјоновна Обиедкова (91) и нејзиното семејство се сокриле во подрум кога руските сили почнале да го бомбардираат јужниот пристанишен град, а таа починала на 4 април откако поминала неколку недели без вода, струја и греење.
Нејзината ќерка Лариса рече дека нејзината мајка ги поминала последните две недели од својот живот смрзнувајќи, не можејќи да стане.
„Мама не заслужи таква смрт“, рече Лариса, додавајќи дека целото свое време го трошела грижејќи се за нејзината мајка, но дека ништо не можат да направат за неа. Таа рече дека семејството „живее како животни“ и дека е неподносливо студено.
Обиедкова, која е родена во Мариупол имала само десет години кога нацистите влегле во градот во 1941 година.
Кога војниците на СС влегле во нејзиниот дом и ја заробиле нејзината мајка, Обиедкова успеала да преживее криејќи се во подрум.