Земјотрес во Јелоустоун – ќе се разбуди ли супервулканот


Централните делови на САД ги погоди земјотрес што се почувствува во неколку американски држави.

Националниот парк Јелоустоун го потресе земјотрес, предизвикувајќи стравувања дека може да се разбуди супервулканот во националниот парк.

 

Геолошкиот институт на САД (USGS) во вторникот во 20 часот по источно време откри земјотрес со јачина од 3,9 степени во близина на басенот Норис гејзер.

 

Сеизмичка активност беше почувствувана во делови од Ајдахо, Монтана и западен Вајоминг.