Земјотрес од 5,7 степени го погоди јапонскиот остров Хокаидо
Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вечерва јапонскиот остров Хокаидо, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил на длабочина од 75 километри, додадоа од ЕМСЦ.
Претходно денеска едно лице загина, а 13 се повредени во земјотресот што го погоди централниот дел на Јапонија.