Земјотрес од 3,4 степени по Рихтер почувстуван во Македонија
Попладнево беше почувствуван земјотрес во Прилеп, Битола и околината со магнитуда од 3.4 степени по Рихтерова скала. Од Телеметриската сеизмолошка мрежа информираат дека земјотресот потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци.
Според Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала се случи во 15:40 часот.
Епицентарот на земјотресот бил на одалеченост од 99 км од Скопје, покажуваат информациите на ЕМСЦ.
Граѓани од прилепско-битолскиот регион пишуваат дека потресот траел неколку секунди.
