Земјите од ЕУ ги обврзуваат авиокомпаниите повеќе да ги користат правата за слетување


Авиокомпаниите мора повеќе да ги користат нивните права за полетување и слетување во Европската унија за да избегнат да ги загубат, одлучија во понеделник земјите од Европската унија.

По исклучоците дадени за време на пандемијата на Ковид-19, одлуката означува постепено враќање на стандардните правила за користење на слотовите на пистите во Унијата, пренесе ДПА.

Авиокомпаниите ќе мора да користат 75 проценти од нивните слотови оваа зима, во споредба со стандардната квота од 80 отсто.

Правилата наменети за обезбедување фер конкуренција предвидуваат дека авиокомпаниите мора да ги користат нивните слотови на популарните аеродроми за да ги задржат.

Минатата недела амбасадорите во ЕУ веќе се согласија за новата квота за која беше потребна поддршка и од министрите на ЕУ.