Зеленски: Украина подготвува одговор на руските ракетни напади
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со главниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, за одговорот на денешните руски ракетни напади.
„Денот го започнав со подолг разговор со началникот на Генералштабот Сирски, каде што разговаравме за одбивањето на ракетниот напад и нашиот одговор на Русија. Подготвуваме одговор, како во однос на употребата на Ф-16, така и во врска со операцијата во Курск, продолжуваме со акциите во областите онака како што и е потребно на Украина“, рече Зеленски во своето вечерно видеообраќање, пренесува Укринформ.
Според него, одбранбените сили во текот на последниот ден добиле поголема контрола и повторно го зголемиле фондот за размена.
Сирски исто така го информирал Зеленски за состојбата на фронтот во областа Доњецк, особено во правец Покровск, Времив, Торецк и Курахив.
„Како резултат на тоа, донесени се одлуки за зајакнување на украинските позиции“, додаде Зеленски.