Зеленски пред и потоа: Ужасите на војната му оставија траги на лицето


Украина– Фотографиите на Зеленски, направени со разлика од 41 ден, го покажуваат драматичниот биланс од војната на претседателот на Украина.

Претседателот Володимир Зеленски во понеделникот, 4 април,  го посети киевското предградие Буча, каде што фотографиите го покажаа остарен, во војничка облека, со панцир и пуштена брада. 

Неговиот нов изглед е во целосна спротивност со неговиот изглед пред Русија да ја нападне земјата на 24 февруари.


На 22 февруари, Зеленски облече костум и вратоврска за да и се обрати на нацијата откако Русија два украински сепаратистички региони ги призна како независни држави и ги премести војниците на границата.

Четириесет и еден ден подоцна, Зеленски на 4 април, се појави како променет човек додека зборуваше за смртта на цивилите во Буча.

Претседателите честопати ја напуштаат функцијата со повеќе седа коса отколку што имаа кога стапија на функцијата. Иако некои дерматолози тврдат дека претседателите доживуваат забрзан процес на стареење поради стресот во канцеларијата, други велат дека тоа повеќе се припишува на природното стареење.

Други студии, вклучително и сеопфатна анализа на изборите кои датираат од 1700-тите, сугерираат дека раководењето на нацијата може да одземе години од животот на лидерот. Таа анализа, од Медицинскиот факултет Харвард, покажа дека избраните шефови на влади, во просек, имаат речиси три години пократок живот од оние на кандидатите што ги поразиле. (Инсајдер)