Зелените и либералите ќе го „крунисаат” идниот германски канцелар


Кој и да биде иден канцелар – нова германска влада веројатно нема да има без Зелените и Либералите, кои сега се на потег. Тие веднаш по изборите за Бундестагот најавија брза меѓусебна координација.

И победникот на изборите Олаф Шолц од СПД и губитникот Армин Лашет од конзервативната Унија сакаат да станат канцелар. Но, кој и да успее да направи коалиција тешко дека ќе може без Зелените и Либералите – и јасни отстапки за двете партии. Повторна широка коалиција меѓу Унијата и СПД е малку веројатна опција. Од третопласираните Зелени со 14,8% поддршка и Либералите, кои се на четврто место со 11,5%, ќе зависи кој ќе седне во кабинетот на канцеларот.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука