Затворањето во Австрија ја подобри состојбата со корона вирусот
Министерот за здравство на Австрија Рудолф Аншобер смета дека мерката заклучување ја подобрила епидемиолошката ситуација во земјата.
Пет недели од почетокот на примената на третото заклучување бројот на новозаразени и понатаму е на високо ниво, од околу 1.500 нови случаи дневно, но по прв пат од средината на октомври боројт на инфекции во период од седум дена е помал од 10.000.
„Ситуацијата јасно се подобрува со мерката заклучување. Големо прашање е како ќе се одрази појавата на новите соеви, пред се британскиот“, рече Аншобер.
Тој укажа дека е забележан е силен пораст како резултат на новиот сој во делови од источна Австрија, но и во други региони.