Западот мора јасно да му покаже на Путин до каде е црвената линија

Кога руските трупи стационирани на границата со Украина во последните неколку недели ќе се вратат во своите бази, тензиите во регионот ќе се смират. Но, рано е да се смириме. Дури следната недела ќе знаеме дали овие трупи навистина ќе бидат повлечени, пишува Рајнхард Везер на страниците на Франкфуртер алгемајне цајтунг.
Дополнителен фактор на неизвесноста во следните месеци ќе биде дека значителен дел од воената опрема распоредена таму ќе остане до септември во близина на границата со Украина – поради планираните големи маневри „Запад-2021“.
Она што останува, во секој случај, е прашањето што сакаше Кремљ со ова воено покажување сила. Како резултат на наводно планираниот прекин на вежбите, сега отпаѓаат тврдењата на Москва дека Русија сакала да ја осигури својата безбедност за време на маневрите на НАТО „Бранител Европа-2021“ во Југоисточна Европа. Бидејќи овие маневри на НАТО ќе се оддржат во мај, кога руските трупи веќе одамна ќе треба да бидат вратени во нивните касарни.
Да се држи Западот во темница е дел од пресметките на Путин, тоа беше пораката на овој дел од неговото обраќање до двата дома на парламентот во средата, во кој тој зборуваше за руските црвени линии, што ќе бидат дефинирани од конкретен случај.
Западот треба да одговори со спротивното на ова: да испрати јасни значајни пораки до Москва, укажувајќи точно каде минуваат црвените линии, што не треба да бидат прекинати. (ФАЦ)