Замрзна реката Хадсон во Њујорк
Реката Хадсон во американската сојузна држава Њујорк е делумно замрзната поради бранот студено време што ги зафати источните делови на САД.
На северот на државата, реката е речиси целосно замрзната и низ неа работат мразокршачи, додека ситуацијата околу Њујорк е поблага.
Во понеделникот, тројца кајакари биле спасувани од замрзнатите води на реката. Имено, тие се обиделе да ја преминат реката со кајаци, но не можеле да најдат пат по вода до другата страна на реката, па биле ангажирани пожарникари и полицајци за нивно извлекување.
Вообичаено, граѓаните знаат да ја преминуваат реката со кајаци, но на пролет, кога реката не е замрзната.