Заложничка криза на аеродромот во Хамбург


Заложничката криза трае повеќе од 12 часа на аеродромот во Хамбург. Локалната полиција посочи дека на аеродромот маж на возраст од 35 години, синоќа со автомобил „ауди“ излегол на пистата пред авионот, при што пукал со огнено оружје, но и фрлил два молотови коктели, додека ја држел својата 4-годишна ќерка како заложник. Кризата започнала во 20 часот и 24 минути, а полицијата околу 23 часот воспоставила контакт со осомничениот.

Локалниот весник Хамбургер морген пост утринава објави дека преговорите на барање на киднаперите се водат на турски јазик со помош на преведувач.

– Таткото и ќерката изгледаат неповредени – изјави портпаролот на полицијата во Хамбург.

Се вели дека полициски хеликоптери кружат околу аеродромот и ја проверуваат ситуацијата.

Надлежните на аеродромот, кој се уште не е во функција, соопштија дека поради заложничката криза се прекинати шест полетувања и 21 слетување, а погодени се вкупно околу 3.200 патници. Некои од патниците кои биле во авионите на пистата морале да останат во авионите до доцна синоќа.

– Го видов пожарот (од молотовиот коктел) и прво помислив дека брзо ќе биде изгаснат. Потоа слушнав дека имало и пукање. Сè беше навистина страшно – изјавил еден од патниците.

Медиумите пренесуваат дека сопругата на осомничениот пријавила во полиција дека тој со детето брза кон аеродормот при што посочила дека се работи за можно киднапирање на дете. Хамбуршката полиција во соопштение наведува дека верува дека „во позадината на оваа операција има спор околу старателството над дете.