Заканата на глобалната екстремна десница
Половината деценија трампизам ги забрза разговорите за заканата од крајно десниот екстремизам во западните демократии. Од Германија преку Нов Зеланд до САД, вооружените екстремни десничари извршија крвави терористички напади, анимирани од омразата кон мигрантите и либералите, пренесе радио Слободна Европа (РСЕ) преку проценката на светските медиуми.
Забележувајќи дека во некои случаи може да се најде врска меѓу радикализацијата на крајната десница и воспалителната реторика на Трамп, се посочува за широкиот спектар на крајно десничарско екстремистичко однесување ги загрижува аналитичарите, наведувајќи примери за обука на вооружени милиции за насилство или спојувањето на крајно десно со теориите на заговор на Q’Аnon, што ги радикализира нивните следбеници.
Немирите во Капитол на 6 јануари го насочија вниманието кон „апокалиптичната“ глобална крајна десница.Екстремистите, без лидер, но обединети од расистичката идеологија што беше засилена на социјалните мрежи, изградија мрежа на реални и на Интернет врски што ги загрижуваат службените лица.

Поддржувачите на расистичките екстремно десни движења ширум светот споделуваат повеќе од заеднички мотив, посочува РСЕ.
Германски екстремисти доаѓаа во САД на снајперски натпревари, американски неонацисти посетуваа колеги во Европа и милитанти од различни земји беа поврзани во кампови за обука од Русија и Украина до Јужна Африка.
Со години екстремно десните екстремисти разменуваа идеологија и инспирација на маргините на општеството и најдлабоките делови на Интернет, но настаните од 6 јануари го разоткрија нивниот насилен потенцијал.
Иако многумина го отфрлија нападот врз Капитол како аматеризам, некои го сфатија тоа како лекција за тоа како да ги постигнат своите цели за уривање на демократските влади на поорганизирани и поконкретни начини – како симболична победа и стратешки пораз од кој треба да научат поука.
Иако е тешко да се каже колку се длабоки и трајни врските меѓу екстремната десница во САД и нејзините европски колеги, официјалните лица се повеќе се загрижени за мрежата на дифузни меѓународни врски и се грижат дека тие мрежи, веќе зајакнати во ерата на Трамп, би можеле да бидат уште повеќе одлучувачки по 6 јануари.
Камповите за обука предизвикаат загриженост кај разузнавачките и безбедносните служби, кои стравуваат дека активноста може да постави основа за поорганизирано и подобро планирано насилство.
Некои експерти велат дека транснационалните врски се повеќе инспиративни од организациските, додека се сомневаат во потенцијалот за создавање потрајни трансатлантски врски меѓу екстремно десничарските групи, бидејќи сите такви обиди од Втората светска војна не успеаја.
И, меѓу самите екстремно десни поддржувачи, постојат поделби околу тоа дали таквите сојузи се вредни или одржливи, бидејќи за многумина идејата за меѓународно националистичко движење е оксиморон.

Белите националисти ја користат можноста дополнително да го радикализираат расцепканото движење на Трамп, откако мерките на големите социјални мрежи ги расфрлија најжестоките поддржувачи на поранешниот американски претседател на маргиналните платформи. Некои од крајната десница го гледаат затворањето на социјалната мрежа Парлер и крајот на мандатот на Трамп како шанса за привлекување и радикализирање нови следбеници.
Со забраната на екстремно десничарските наративи на Фејсбук и Твитер, како и со исклучувањето на Парлер поради губење на хостингот, приврзаниците на Трамп, а особено оние кои ги прифаќаат теориите на заговор на Q’Аnon , мигрираа на алтернативни платформи, како што е услугата за пораки Телеграм. Според експертите, фашистичките групи брзо се инфилтрираа во про-Трамп каналите со намера да ги привлечат приврзаниците на претходниот претседател на САД кон крајната десница.
Привлекувањето нови следбеници на екстремната десница следуваше и кога Q’Аnon остана без лидер со излегувањето на Трамп од Белата куќа.
Белите националисти и другите членови на крајната десница, според експертите кои ги следат теориите на заговор, често пати ги исмеваат следбениците на Q“Аnon како наивни луѓе и „сточна храна“, но, тие ја препознаа потенцијалната придобивка по немирите во Капитол. бидејќи по верувањата за изборна кражба се подложни на влијание на антидемократските сили.
Експертите велат дека е рано да се процени колку екстремната десница ќе биде успешна во привлекувањето следбеници на Трамп, истакнувајќи дека обидите за преобликување на теориите на заговор како Q’Аnon често пати наидувале на негативна реакција, но, исто така, истакнуваат дека за екстремните десничари уште поитен проблем е укинувањето на Телеграм на јавните канали што промовираат насилство.
Меѓутоа, без оглед на тоа дали белите националисти ќе успеат да ги одвлечат приврзаниците на Q’Аnon уште подесно, експертите предупредуваат дека настаните од 6 јануари веќе оставија впечаток кај десните екстремисти. (Радио Слободна Европа)