Загина Ларс Вилкс, шведскиот цртач познат по карикатурите на Мухамед


 

Ларс Вилкс, шведскиот цртач понат по карикатурите на Мухамед кои ги објави во 2007 година, загина во сообраќајна несреќа.

Ларс Вилкс наводно бил во возило на цивилната полиција, кое се судрило со камион во близинана градот Макарид на југот на Шведска.

Загинаа и двајца полицајци, а возачот на камионот е повреден.

Живееше под полициска заштита

Вилкс (75) живееше под полициска заштита откако добиваше закани си смрт.

Во полициското соопштени се наведува дека уште не е јасно како дошло до сударот, но дека ништо не укажува дека некој друг е вмешан.

Инаку, Ал Каедна во ирак понуди награда од 100.000 долари за неговото убиство.

Тој преживеа атентат во Копенхаген кога двајца непознати напаѓачи пукаа во кафуле во кое Вилкс бил на трибина за слобода на говор. Напаѓачите убија друг ученик и ранија тројца полицајци пред да избегаат. Вилкс во нападот не беше повреден.