Заев во понеделник на „Отворен Балкан“ во Тирана
Албанските медиуми најавуваат дека македонскиот премиер во оставка Зоран Заев во понеделник ќе оди во Тирана на нов состанок на регионалната инцијатива Отворен Балкан. Најавени се средби со премиерот на Албаниј, Еди Рама, и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.Тројцата ќе потпишат договор за заеднички работни дозволи односно еднаш добиена дозвола ќе важи во сите три земји.
Албанските власти не се изненадени што ЕУ повторно не одобри преговори за нивната земји и мали се очекувањата дека дека ќе дојде до одвојување на Албанија и Македонија. Тоа значи дека Албанија ќе мора да ја чека Македонија да го реши спорот со Бугарија и дури тогаш двете земји да ги отворат преговорите.