Заев: Повторно сакаат да ја заробат и упропастат државата


За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда. Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите, напиша попладнево премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил откако ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Левица и БЕСА до Собранието поднесоа иницијатива за гласање на недоверба на Владата.
 
-Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново.
Нашата кауза е и граѓанска и државничка. Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници. Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности, наведува Заев