Заев: Нема да гласаме за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ ако остане името со кое е поднесена
Нема да гласаме за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името како што е сега поднесена, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
– Не се работи за инает или за некаков каприц. Се работи за принцип, се работи за Уставот. Недозволиво е премиерот, владејачкото мнозинство, институциите на сиситемот да гласаат спротивно на Уставот. Тоа испраќа порака дека го дерогираме целиот систем, изјави Заев, додавајќи Уставот е донесен и треба да се почитува.
Прашан дали СДСМ ќе ја поддржи Резолуцијата што била поднесена и прифатена од претседателот на Собранието Талат Џафери со предложената формулација на името, Заев одговори дека најважно е што се согласуваат за суштината и за содржината на резолуцијата. Владата и владеачјото мнозинство, посочи Заев, истовремено ги застапуваат институциите на системот на државата и не е дозоволиво да помислат нешто што е спротивно на Уставот иили Законот за ратификација на Преспанскиот договот.
Тој информира дека разговарале со најголемата опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да се изнајде решение, при што било заклучено дека процесот треба да продолжи, но при тоа мора на дневнен ред да продолжи дискусијата согласно Уставот и Законот.
– Во едни такви околности ќе се обидам да разговарам со раководството на ВМРО- ДПМНЕ или нашите минситри кои комнуницираат со раководството на ВМРО, за да усогласат став за да не се пропушти можноста да застанеме заедно зад тоа што сите се согласуваме, изјави Заев, кој заедно со градоначалниците на Скопје, Петре Шилегов и на Општина Карпош, Стефан Богоев, присуствуваше на почетокот на изградбата на клучката меѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ кај Момин Поток.
Заев наведе дека ВМРО-ДПМНЕ знаеле „да направат ограда за Преспанскиот договор“, а да поддржат нешто што е важно за граѓаните.
– Мислам дека тука треба да се бара решанието. Ние ќе поддржиме текст што ВМРО- ДПМНЕ го предложи, но очекуваме флексибилност од нивна страна за да не се случи и инситуциите не само владејачките партии да се доведат во позиција да го кршат Уставот, изјави Заев.