Заев дочекан со аплауз во СДСМ


Фото: Б. Грданоски

Премиерот и лидер на СДСМ во оставка Зоран Заев вечерва беше пречекан со силен аплауз од неговите сопартијци на седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз. Во моментот кога Заев се појави во просторијата каде се одржува седницата на Централниот одбор, тој беше пречекан со аплауз и скандирање „Зоки, Зоки“.

Извори од СДСМ навестија  дека Заев вечерва нема да си поднесе оставка, туку ќе го чека до сабота исходот од гласањето за доверба на Владата. Потоа е дециден дека ќе ја депонира оставката.

Заев бил многу лут на Беса која според него избрзала со потегот и не ја дочекала одлуката на Управниот суд за Желино.

Состанокот на Централниот одбор на СДСМ кој сѐ уште е во тек.Според најавите од СДСМ, теми на седниците ќе бидат актуелните политички случувања во земјата, изборните резултати, како и најавената оставка на премиерот и лидер на партијата, Зоран Заев.