Задолжителен ПЦР тест за косовските државјани за влез и транзитирање низ Македонија


Фото: Б. Грданоски

Владата на денешната трета седница донесе одлука за задолжителен ПЦР тест за косовските државјани кои влегуваат од Република Косово и транзитираат низ Северна Македонија.

Согласно усвоените предлози во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19 се додадат два нови става во насока:

– Медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест за деца, да се приложува кога детето има над 10 години,

– Државјаните на Република Косово, кои влегуваат на територија на Република Северна Македонија од копнен граничен премин од Република Косово задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CiV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територија на Република Северна Македонија и во случај на транзитирање низ државата.

Владата на денешната седница, разгледа и донесе повеќе други одлуки, меѓу кои и збирниот Извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините Македонски Брод и Ресен.