Жичницата до Водно нема да работи ни за 1 Мај – автобусите по неделен возен ред


Фото: Б. Грданоски
ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд (1.05.2026 година – 03.05.2026 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
 
На 01.05.2026 година (петок) и 03.05.2026 година (недела), дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот.
 
Во сабота (02.05.2026 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време (во две смени од 08:00 – 18:00 часот, и тие што работат во една смена од 08:00 – 13:00 часот).
 
Жичницата на Водно нема да биде во функција.