Заборавете на скапите омекнувачи: Со помош на оваа состојка вратете ја мекоста на вашата постелнина


Спиењето во свежо испрана постелнина за многумина е вистинско задоволство. Меѓутоа, за новата постелнина да биде мека и да трае подолго, важно е да ја исперете правилно пред да ја ставите на креветот.

Имено, новата постелнина може да содржи бактерии и нечистотии, па стручњаците советуваат прво да ја исперете, бидејќи директното ставање на душекот може да влијае не само на квалитетот на спиењето, туку и на вашето здравје.

По првото перење ќе забележите разлика во мекоста на постелнината. Ова често е последица на скробот што се користи за одржување на мазна површина и атрактивен изглед во пакувањето. Тој скроб може да предизвика постелнината да биде крута и цврста.

Без хемикалии

Затоа перењето на новата постелнина пред употреба е повеќе од само прашање на удобност – тоа е и проверка на квалитетот. Сепак, постои едноставен трик кој ќе помогне вашата постелнина да ја задржи својата првобитна мекост и квалитет.

Наместо вообичаениот омекнувач, можете да користите состојка која веројатно веќе ја имате во вашиот дом – сода бикарбона. За да ја отстраните вкочанетоста и несаканите мириси од процесот на производство, едноставно додадете чаша сода бикарбона во вашата машина за перење. Сода бикарбона ќе делува како природен омекнувач, а постелнината ќе биде помека и попријатна на допир.

За најдобри резултати, ставајте сода бикарбона директно во барабанот на машината, никогаш во дозерите за детергент. На овој начин, ќе избегнете формирање на остаток што може да ја направи вашата постелнина и другите ткаенини за домаќинството, како што се крпите, вкочанети и непријатни за употреба.

Овој едноставен трик ќе ви помогне да ја направите вашата нова постелнина удобна, мека и подолго да трае, а вашата ноќна рутина уште попријатна.