За неколку часа во Лондон, две момчиња (15) и (16) избодени со нож
Двајца тинејџери убиени се во Лондон во понеделникот вечерта со разлика од неколку часа.
Се работи за 15 и 16 -годишници, кои се избодени со нож. Инцидентите се случиле одвоено еден од друг, едниот во Гринич околу 5 часот наутро, а другиот во Ламбет нешто по полноќ, пишува Скај њус.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан вели дека е згрозен од насилствата и дека е скршен.
Полицијата прво интервенирала во Гринич, околу 5 часот утрото, по дојава дека во масовна тепачка на железничка станица има повредени. Тие го нашле 15-годишниот со убодна рана. На социјалните медиуми кружат форографии од луѓе кои со парчиња облека се обидуваат да го спречат крварењето, но не успеваат да му го спасат животот на момчето. Починал по половина час.
Полицијата поради сомнеж дека е поврзан со убиството уапси друг 15-годишник. Го пронашле во болница во која сам отишол, поради убодни рани.
За друиот инцидент, 16-годишниот е прогласен мртов на местото каде е пронајден, во една зграда. Нема уапсени за тој случај.
Луѓето не местото оставаат цвеќе и пораки.