За Јотова Договорот за добрососедство не е добар
Договорот за добрососедство не е добар документ. Премногу е општ, рамковен и не се спроведува, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова, која заедно со претседателот Румен Радев имаше средба во Софија со претставници на бугарските организации во Македонија.
„Само една година откако претседателот Румен Радев го постави прашањето за правата на македонските Бугари на европска маса, ова прашање доби поинаков карактер. Ми се чини дека нашата земја изгуби многу време потпирајќи се само на историски факти кои се далечни и неразбирливи за нашите европски партнери“, изјави Јотова.
Според неа, последната политичка влада не го отворила прашањето за правата на Бугарите во Македонија потпирајќи се само на она што е поврзано со историските факти и со Договорот за добрососедство.
„Дури по март 2021 година на европска маса беше ставена темата за правата кај нашиот сосед. Тоа го направи претседателот Радев. Сигналите што ги добивме од вас, фактите што ги забележавме, медиумите што ги читаме од другата страна на границата се доволен доказ за тоа. Последната бугарска политичка влада побегна од ова, префрлајќи сè на Договорот за соседство и историските факти. Нема ништо лошо во заедничкото славење празници и положување венци. Заблудата беше дека порано или подоцна, преку овие историски факти ќе најдеме полуконсензус меѓу двете земји и така во иднина ќе се отвори патот за членство. Но, тоа не се случи. Мое цврсто мислење е дека Договорот за добрососедство не е добар документ. Тој е премногу општ, рамковен и не се спроведува“,додаде Илијана Јотова.
Таа вели дека на историската комисија, која беше формирана меѓу двете земји од дипломати и историчари, е нефункционална бидејќи нема право да носи политички одлуки.
„Тогашните две влади на двете земји избегнаа политичка одговорност и сè им препуштија на научниците. До денес оваа Комисија не функционира во практика и не најде ниту едно решение. Оваа Комисија игра танго – еден чекор напред, два чекори назад. Научниците не можат да носат политички одлуки и оваа одговорност не може да се пренесе на нив“,рече таа.вропска маса.