За девет месеци, полицијата била деветпати кај принцот Хари и Меган Маркл
САД– За девет месеци, полицијата била повикана деветпати во домот на британскиот принц Хари и Меган Маркл. Овој податок стана актуелен откако двојката изрази загриженост за одлуката да им се одземе деноноќната лична заштита.
Тие двајцата лани во јули се преселија во Санта Барбара, Калифорнија, САД. Податоците добиени според законите за слободен пристап до информации, беа објавени откако двојката ги сподели своите стравови по безбедноста во своето телевизиско интервју кај Опра Винфри.
Маркл откри дека го замолила кралското семејство да не им ги одзема службениците за лична заштита нејзе и на нејзиниот сопруг, предупредувајќи дека тој се соочува и со смртни закани. Таа се пожали и дека лишувањето од титулата на нивниот син Арчи му ја ставило безбедноста во опасност и дека немало „никакво објаснување“ за одлуката.
Заштитата од полицијата за војводата и војвотката од Сасекс беше повлечена откако тие се повлекоа од кралските должности, по состанок на владиното тело задолжено за надзор на заштитата на членовите на кралското семејство. Таткото на принцот Хари – принцот од Велс, Чарлс тогаш одби да ја плаќа таа сметка од свој џеб.