За борба против мајмунските сипаници се потребни најмалку 135 милиони евра, вели шефот на СЗО


Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) повика на глобална усогласена акција против новата епидемија на мајмунски сипаници и најави дека за тоа ќе бидат потребни најмалку 135 милиони долари во следните шест месеци.

– Дозволете ми да бидам јасен: оваа нова епидемија на мајмунски сипаници може да се контролира и запре, рече генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус синоќа во говорот пред земјите-членки на СЗО, кој подоцна беше објавен на социјалната мрежа Х.

„Одговорот на оваа сложена епидемија бара сеопфатен и координиран меѓународен одговор“, нагласи Гебрејесус.