Вратете го сјајот на стариот паркет со овие едноставни трикови
Со текот на времето, паркетот може да го изгуби природниот сјај и да стане подложен на гребаници. Иако постојат неколку методи за враќање на сјајот, овие трикови и природни препарати можат да ви помогнат да го освежите изгледот на паркетот без потреба од големи вложувања.
Обидете се со неколку едноставни совети кои можат да му помогнат на вашиот паркет повторно да блесне.
Орев – природно отстранување на гребнатинки
Ако вашиот паркет има гребнатини, оревот може да биде совршен за нивно отстранување. Скршете орев и искористете ја едната половина за да ја истриете гребаницата дијагонално. После тоа, тријте ја гребаницата со прстите за да се загрее површината и оставете дрвото да го впие маслото од орев. Оставете го дрвото да го впие маслото неколку минути, а потоа избришете го со мека крпа. Гребнатината ќе исчезне, а паркетот ќе изгледа како нов.
Мешавина од маслиново масло и оцет
Измешајте 1/4 чаша оцет со 3/4 чаша маслиново масло. Користете го овој раствор за чистење на гребнатини на паркетот. Избришете, оставете го подот да се исуши, а потоа избришете го со сува крпа. Исто така, оваа смеса не само што ќе исчисти, туку и ќе го врати сјајот на паркетот.
Одржување на паркет
Водата со која го бришеме паркетот може значително да влијае на губењето на неговиот сјај. Експертите препорачуваат паркетот да го третирате само со специјални производи наменети за дрвени површини.
Крпата што ја користите за бришење на паркетот треба да биде добро исцедена за да се избегне прекумерна влага. Исто така, избегнувајте да користите џогери кои апсорбираат премногу вода, бидејќи тоа може да предизвика оштетување на дрвената површина.