Воз полн деца, падна во река во Австрија, 17 повредени
На последниот ден од школската година воз, во кој имало десетици деца и тинејџери излезе од шините и падна во река во австриската провинција Салцбург.
Според наредникот на спасувачките служби, Антон Шилшер, 17 лица се полесно повредени во несреќата што се случила утрово околу 7 часот.
До несреќата дошло во близина на Кендлбрук. Вагонот од регионалниот воз паднал околу 4 метри преку речен насип и застанал странично во Мура, пренесе ОРФ.
Шилшер вели дека на шините по невремето останале корења или нешто слично.
Повеќе од 50 од патниците биле деца и млади. Патувале кон Тамсвег, вели портпаролката на Црвениот крст.
Градот е важно школско средиште за околните региони.