Војната меѓу Израел и Хамас ги разгоре старите поделби во Босна

Поделбата одвива по етничка и верска линија, при што Хрватите и Србите го поддржуваат Израел, а Бошњаците се фокусирани врз Палестинците


На Стариот мост во Мостар во понеделникот беше поставено знамето на Палестина, но потоа беше отстрането

 

Конфликтот меѓу Хамас и Израел, кој достигна точка на вриење откако нападот на Хамас доведе до објавување војна на Израел, ги подели политичарите и јавноста во Босна и Херцеговина, главно по етничка, но и верска линија, во време кога постојат надежите дека разговорите за пристапување во ЕУ ќе започнат наскоро.

Во Мостар сега се очигледни поделбите кои беа физички за време на војната во Босна и Херцеговина во 1990-тите.

Додека палестинското знаме се вееше над Стариот мост во источниот дел на градот, претежно муслиманско бошњачки, во претежно хрватскиот западен дел, поддршката за Израел е поприсутна.

Поделбите се очигледни и на политичко ниво, при што хрватските и српските политичари во земјата покажаа поддршка за Израел, додека повеќе нијансираните изјави од босанските политичари беа ограничени на општа осуда на војната и насилството, нагласувајќи ги правата на Израелците и Палестинците на нивни посебни држави.

„За мене е лицемерно да се осудува само нападот на Хамас врз Израел без да се осудува се што се случило пред и потоа“, напиша во вторникот на X во вторник, бошњачката градоначалничка на Сараево, Бенјамина Кариќ.

Таа додаде дека е „емотивно потресена“ од информацијата дека Газа моментално е без вода и струја и направи паралела со Сараево, кое беше под опсада за време на војната во Босна и Херцеговина 1992-1995 година.

„Мораме да бидеме луѓе и подеднакво да ја осудуваме секоја невина жртва, и во Израел и во Палестина“, додаде Кариќ на X.

Веќе неколку дена претходно стана јасно дека новата војна ќе има влијание на политичката сцена во Босна и Херцеговина.

Во саботата, на денот на нападот на Хамас врз Израел, Борјана Кристо, хрватската претседателка на Советот на министри на Босна, остро го осуди нападот на Хамас врз Израел во објава на англиски јазик на Х.

„Недвосмислено го осудувам неправедниот и брутален напад на Хамас врз Израел и неговите граѓани. Цврсто стоиме со Израел во овие тешки моменти“, напиша Кристо на  денот кога Хамас истрела ракети врз израелските градови, а неговите борци ја урнаа оградата на границата меѓу Израел и Газа, се инфилтрираа на израелска територија и извршија бројни злосторства против израелските цивили.

Жељко Комшиќ, хрватскиот член и актуелен претседавач на трипартитното претседателство на БиХ, кој тврди дека не ги претставува Хрватите бидејќи бил избран главно од Бошњаците, зборуваше поинаку.

Во интервју за БХТ1 во понеделникот, Комшиќ изјави дека Кристо зборувала „невнимателно и себично“ затоа што, како што рече, таа не го спомнала страдањето на палестинскиот народ. „Тоа е ставот на политиката на нивната партија и тие јасно се движат во оваа насока“, рече Комшиќ, а пренесуваат босанските и хрватските медиуми.

Тој ги оцени дејствата на Хамас како „гест на очајни луѓе кои тероризирањето на цивилите го гледаат како излез“, додавајќи дека сè треба да се гледа „во контекст“, пишуваат медиумите.

Зборовите на Комшиќ наидоа на реакција од амбасадорот на Израел во Босна и Херцеговина, Галит Пелег, кој рече дека Хамас го нападнал Израел и дека жртвите се претежно израелски цивили.

„Г-дин Комшиќ смета дека сето ова треба да се гледа во контекст. Во кој контекст, господине Комшиќ? Во контекст на ИСИЛ? Во контекст на Аушвиц? Во кој контекст е легитимно да се мачат мали деца? Да киднапираат баби? Да убиваш бебиња во нивните кревети?“ рече таа, а Комшиќ одговори нарекувајќи ја амбасадорката „манипулирана будала“.

Реакции на изјавите на Комшиќ дојде и од хрватската европратеничка на владејачката ХДЗ Жељана Зовко, која е и поранешна амбасадорка на Босна во Франција, Шпанија и Италија.

Во изјава за „Еурактив“, Зовко рече дека е згрозена од недипломатскиот начин на Комшиќ на комуникација со амбасадорката и поради тоа што го помеша палестинскиот народ со Хамас.

„Ова не е борба на Израел против Палестинците, туку против Хамас, терористичката група која го нападна Израел и изврши масакри врз израелските цивили. Тоа е борба против тероризмот во која Израел се штити себеси и целиот слободен свет. И оваа изјава на Комшиќ покажува дека тој е инструмент во рацете на терористите“, изјави Зовко за „Еурактив“.

„Хрватите во централна Босна имаат искуство со ритуални убиства како оние што ги изврши Хамас во Израел“, рече Зовко, мислејќи на војната, кога многу радикализирани борци од исламските земји дојдоа во Босна и Херцеговина и останаа, иако одамна требаше да заминат според договорите и обврските преземени во Сараево.

За политичарот и социолог Анѓелко Милардовиќ, војната на Блискиот Исток предизвика нова рунда на тензии во Босна и Херцеговина.

„Стариот конфликт на Блискиот Исток е оживеан и сега се прелева во Босна и Херцеговина. Ова не значи дека нема да се одрази во другите делови на Европа и светот“, изјави Милардовиќ за „Еурактив“ предупредувајќи на опасностите со оглед на тоа што тој се подели по етничка и верска линија.

Во споредба со реакциите на војната во Украина во Босна и Херцеговина, каде што се формираа поделби по етничка линија, Бошњаците и Хрватите застанаа на страната заедно во поддршка на Украина, додека повеќето етнички Срби ја изразија својата поддршка за Русија.

„Ваквите поделби во Босна и Херцеговина се опасни. Тие се засноваат на цивилизацијата. Тие постоеја пред сето ова, но војната во Украина и особено во Израел ги продлабочуваат и интензивираат“, заклучува Милардовиќ.

Сето ова доаѓа во клучен момент за Босна и Херцеговина, која на крајот на минатата година конечно го доби долгоочекуваниот статус на земја кандидат за членство во ЕУ, при што Сараево очекува пристапните преговори да започнат до крајот на оваа година. (Еурактив)