(Видео) Јаневска: И распоредот ќе се прави со ChatGPT

Министерката за образование и наука Весна Јаневска се обрати на конференција посветена на развојот на стручното образование и обука.
Прашана како ќе биде воведувана вештачката интелигенција во образованието, таа рече дека учениците и наставниците ќе се учат како да користат Чат ги-пи-ти.
Ова ќе се прави во соработка со Универзитетот „Гоце Делечев“ од Штип.
Дури и распоредот ќе се прави со помош на вештачката интелигенција, место да мислат и смислуваат и изработуваат ексел табели.
„Она што е тешко да го направат, можат да го направат со вештачка интелигенција. Нема веќе три наставници на хартија или на компјутер во ексел табела со денови да прават распоред. Ќе си ги стават часовите, бројката, наставниците и ќе им го формира распоредот. И бројни други работи: трошоците, адмнинистрацијата. Има многу елементи со кои ќе се олесни работата во училиштата“, рече Јаневска.
За оваа намена ќе бидат изработени прирачници, еден за наставниците, а другиот за учениците, како треба да ја користат вештачката интелигенција.
„Ние имаме факултети во кои се одвиваат студиски програми за вештачка интелигенција, и таа се применува во нашата земја, но сега се воведува и во основното образование“, додаде Јаневска.
За ова ќе има обуки, за да се стави под контрола примената на вештачката интелигенција.