Украина загуби уште еден авион „Ф-16“ во инцидент


 

Украина утрово загуби борбен авион „Ф-16“ поради невообичаена ситуација на него. Пилотот се катапултирал, соопштија украинските воздухопловни сили, цитирани од Ројтерс.

„Според прелиминарните податоци /…/ се појавила необична ситуација во авионот. Пилотот го насочил авионот подалеку од блиската населба и успешно се катапултирал“, се вели во соопштението на воздухопловните сили на платформата Телеграм.

Според пораката од Командата на воздухопловните сили на Фејсбук околу 3 часот наутро, контактот со украинскиот борбен авион бил изгубен утрово. Авионот извршувал мисија за покривање на руски воздушен напад, објави Укринформ.

Според прелиминарните податоци, пилотот уништил три воздушни цели и работел на четврта, но на бродот се појавила вонредна ситуација. Пилотот го пренасочил авионот подалеку од блиската населба и успешно се катапултирал, додаде украинската агенција.

Благодарение на брзата работа на тимот за пребарување и спасување, пилотот беше пронајден и евакуиран, а неговата состојба е задоволителна, соопштија украинските воздухопловни сили.

Исто така се додава падот на авионот не е последица на руски напад.

Украинската армија најави дека ќе формира комисија која ќе го истражува инцидентот.

Тоа е втор пад на авион „Ф-16“ откако Украина доби борбени авиони од сојузниците на САД минатата година, во рамките на програмата одобрена од администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден. На крајот на август минатата година се урна „Ф-16“, а пилот загина.

Украина не открива колку борбени авиони добила од сојузниците.